Неколку минути пред планираното лансирање на најголемата до сега развиена ракета, Старшип на компанијата Спејсекс, беше одложено за најмалку 48 часа. Спејсекс, чиј сопственик е вториот најбогат човек на планетата, Илон Маск, соопшти дека бил детектиран проблем поради замрзнат вентил за притисок, и поради тоа лансирањето било откажано.
Неколку часа пред планираното лансирање и самиот Маск ја повика јавноста да ги намали очекувањата, потеницрајќи дека станува збор за првиот лет на еден многу комплициран, гигантски систем.
Спејсекс и Маск планираат да го револуционизираат целиот ракетен бизнис со ракетата Старшип. Таа, исто како и нејзините претходнички Фалкон 9 и Фалкон хеви, е замислена за повеќекратна употреба.
Составена од два дела, намерата на Спејсекс е и двата дела по завршените мисии во вселената да можат безбедно да слетаат на земјата, да бидат наполенти со метан и веднаш да бидат повторно употребливи.
Компанијата веќе со години експериментира со различни пристапи во иградбата на овие летала, и поради тоа има неколку модели кои го чекаат својот ред да полетаат.
Покрај илјадниците вселенски ентузијасти кои се наредија долж мексиканскиот залив во близина на Бока Чика, од каде што требаше да полета Старшип, можеби најзинтересиран е американската вселенска агенција НАСА. Таа ѝ даде речиси 3 милијарди долари на Спејсекс, за да развие варијатна на ракетата Спејсшип за нова мисија со човечки екипаж до Месечина.
Маск и самиот не ја крие неговата визија за испраќање на човечки мисии уште подлабоко во Соларнито систем.
Планот за денешниот тест лет на ракетата на Спејсекс беше таа да полета надлетувајќи го Мексиканскиот залив. 33 мотори на нејзиниот долен дел беше планирано да работат 2 минути и 49 секунди, пропелирајќи ја ракетата на над 100 километри над површината на земјата, по што долниот дел ќе се оддели и ќе се врати назад над Мексиканскиот залив, каде што ќе лебди над водата пред да го потроши целото гориво и да направи контролирано уривање во водите на Мексиканскиот залив.
Горниот дел од ракетата, вселенскиот брод, Спејсекс планира да ја заобиколи речиси целата планета, повторно влегувајќи во нејзината атмосфера над Пацифичкиот океан, правејќи контролирано уривање северно од Хавајските острови.