Полициски службеници на СВР Скопје денеска во периодот од 11 до 16 спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 156 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи.
Од нив, како што соопшти МВР, 118 поминале надвор од пешачки премин, а 38 поминале на црвено светло.
– Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, наведуваат од МВР.