Првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија нема да се случи се додека е ова високо ниво на корупција. Бугарија е само изговор. Ние немаме проблем со најсилната членка на ЕУ, туку со најслабата членка на ЕУ поради која има и скепса за проширување. Никој не може да не убеди дека Бугарија не може да се притисне од ова вето, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека доколку ЕУ е убедена дека Македонија заслужува да почне преговори проблемот ќе се реши веднаш, дипломатски тешкаш ќе слета во Софија и ќе ја заврши работата, а Македонија ќе почне преговори.

Тој истакна дека имајќи предвид дека во ЕУ има скепса по однос на почеток на преговори на Македонија со ЕУ, затоа што сметаат дека државата не е спремна.

– Има висок степен на корупција, не се испорачуваат реформи и нема фунцкионален систем на владеење на право. Кога би ги немале овие проблеми нашата позиција ќе е поголема и нема да може Бугарија да не уценува и да бара да се обезличиме, изјави Николоски.

Тој појасни дека и кога власта кога создаваше дека кога ќе го реши спорот со Грција и ќе се отворат златни порти за Македонија и ќе почне мед и млеко да тече по улици, им беше укажувано дека со оваа корумпирана влада нема да има преговори.

Тогаш им кажав дека Македонија нема да почне преговори со ЕУ се додека Заев е прмеиер и додека е оваа влада толку многу корумпирана. Викаа дека тоа е научна фантастика, но 4 години подоцна се пкажа дека бев во право. Фактите се едноставни, ниту еден сериозен европски премиер не сака да седне на маса со корумпирани политичари и со човек кој е на снимка фатен како бара мито, изјави Николоски.