Почна одбројувањето на последните 100 дена од стартот на Олимписките игри во Токио.
– Олимпијадата требаше да се одржи минатото лето, но поради пандемијата на Ковид-19 беше одложено за годинава.
The countdown is officially ON for the #TokyoOlympics…
100 days to go! pic.twitter.com/VzEAhoCPj7
— #TokyoOlympics (@NBCOlympics) April 14, 2021
Најдобрите спортисти на светот од 23. јули до 8. август ќе се борат за медалите и вечната спортска слава на Игрите во Токио.
– На Олимписките игри во Токио ќе ја славиме солидарноста на човештвото. Целиот свет се соочи со неочекувана криза и пандемија. Поради тоа организацискиот комитет „Токио 2020“ е одлучен ова лето на сите луѓе да им даде надеж во тоа дека наскоро не очекува светло на крајот од тунелот. Многу спортисти и покрај тешката година која е зад нас, дадоа се од себе за да тренираат напорно и ние со нетрпение ги очекуваме во Токио за заедо да ги славиме успесите – изјави Сеико Хашимото, претседателската на Организацискиот комитет на ОИ во Токио.