Земјите од Европската унија се усогласија за заедничкиот пристап кон планираниот сертификат за патување или ковид-пасош, соопшти денеска весникот „Бајеришер Рундфунк“.
Таканаречениот „зелен сертификат“ треба да го олесни патувањето низ Европа и треба да биде подготвен за имплементација до крајот на јуни, пред почетокот на летните одмори. Документот ќе содржи податоци за вакцинирање, резултати од тестови и информации за прележана инфекција од коронавирус.
Земјите во ЕУ мораат сами да одлучат кои ќе бидат придобивките од сертификатот за нив, како на пример, ослободувањето од карантин. Покрај тоа, тие мораат сами да одлучат дали да ги признаат вакцинациите со вакцини што се одобрени само во одредени земји, а не во ЕУ како целина, како што е руската вакцина „Спутник В“.
Планирано е сертификатот да се издава бесплатно на хартија или во електронска форма, а сите потребни податоци мора да можат да се читаат преку баркод содржан во сертификатот.