Во текот на вчерашниот ден на подрачје на Чаир од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ш.А.(38) од Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи лицето Ш.А на Р.Т.(62) од Скопје околу 02 часот истиот ден кај трговски центар на подрачје на Чаир насилно му одземал пари и мобилен телефон.

Известен е јавен обвинител, а кај сторителот се пронајдени пари кои потекнуваат од извршеното кривично дело и истиот го признал делото.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.