Рашковски оставката ја поднесе по многубројните скандали кои беа објавувани, почнувајќи од набавката на опрема за скопскиот аеродром од италијанската фирма Леонардо, се до софтверот за МВР кој Министерството не го побарало, па до анкетниот лист во кој не биле наведени земјиште на кое гради куќа од 800 квадрати и џип „Волво“ од над 74.000 евра.
На ораторските вечери организирани додека тој е студент на Правниот факултет, може да се слушне и осети анти-западниот сентимент на тогаш младиот Рашковски, кој години подоцна ќе стане еден од најблиските соработници на Зоран Заев и Владата која се декларира како про-западна.
Слушнете го говорот на Драги Рашковски во кој зборува против НАТО, алијансата во која Македонија стана членка по промената на Уставното име, а за кое Владата во која тој работеше го смета за најголем нејзин успех.
Рашковски се придружи на АНТИНАТО кампањата
Развојниот пат на Владиниот ГенСек Рашковски…
Од студент со тврдокорни АНТИ-НАТО ставови и осудител на ТЕРОРИСТИТЕ во 2001, до контрапленумец на списокот на Груевски и Генерален секретар на Заев (со лажиран втор докторат), кој бара пари од министерствата за илегално финансирање на референдумска кампања за влез во НАТО под името „Северна Македонија“, со амнестираните од ДУИ 😉
Тоа се тие „европски вредности“!#БојкотирамКонвертитиБезКредибилитет
#НеГласамНаНаместенРеферендумPosted by Б о ј к о т и р а м on Tuesday, September 4, 2018