Министерот за здравство Венко Филипче рече дека засега нема потреба од нови нарачки, бидејќи имало обезбедено доволно количини.
„Торлак“ е единствената фабрика за фармација во регионот која што има можности за стерилно производство, објасни Филипче, кој додаде дека имал состанок со директорката на институтот, каде било посочено дека приоритет ќе бидат граѓаните во Србија , но дека има можноста за соработка и со земјите од регионот.
– Нас во овој момент не ни треба ниту една нарачка повеќе затоа што по планот како што е димензиониран сите договори, ние имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини, дециден е Филипче.