Пријателите и соработниците на Заев се носат без лисици, а овие другите со лисици, сите останати кои тој ги смета за свои противници ги носат и им даваат 30 дена притвор, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“на Канал 5 ТВ.
Ова е само уште еден низата од факти дека Владата е криминогена, овој човек беше еден од најблиските соработници на Зоран Заев. Затоа Транспаренси не стави таму каде што не стави на 111 место. Порад индиции за сторен криминал Рашковски уште оддамна требаша да биде гонет. Добивме укор од највилателната држава, а тоа е САД. Јас би сакал да имам доверба во судството и обвинителството, а убеден сум дека тие не се независни. Тие се соучесници во неправдата, изјави Мицкоски.