Службите на Општина Аеродром во изминатиот период извршија тековна санација на ударни дупки, прекопи, како и оштетени улици и тротоари, кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот и безбедното движење на пешаците.
Оваа тековна активност на општинските служби ќе опфати санација на делови од 30 улици, паркинзи и тротоари низ Аеродром, за што вкупната сума изнесува речиси 700.000 денари, информираат од општина Аеродром.