Денеска почина Јован Трпеноски, поранешен истакнат македонски јавен обвинител, адвокат и секретар за внатрешни работи.

Роден е на 23 ноември 1935 година во Охрид, каде го завршил основното и средното училиште. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во септември 1959 година. По дипломирањето, Трпеноски засновал работен однос во Општинското јавно обвинителство Охрид, каде работел како Основен јавен обвинител сè до 1974 година.

Од 1974 до 1984 година работи како Окружен јавен обвинител во Скопје; во 1988 година именуван е за Јавен обвинител на Македонија, во текот на следните шест години бил јавен обвинител на Македонија, по што станал секретар за внатрешни работи во Извршниот совет предводен од Глигорие Гогоски, функција која ја извршувал во периодот 1989-1990 година. Во 2002 година, Трпеноски станал член на првиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата.