Украина ќе добие 500 милиони долари финансиска помош од меѓународните партнери, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмигаљ во видео обраќање, јави дописникот на Укринформ.

-Минатата недела се договоривме да добиеме 500 милиони долари од меѓународните партнери, рече Шмигаљ.

Конкретно, 400 милиони долари ќе дојдат од Канада, а уште 100 милиони долари од Јапонија.

Како што јави Укринформ, Шмигаљ додаде дека во наредните месеци буџетскиот дефицит може да достигне и до пет милијарди долари, бидејќи на Украина, како никогаш досега, има потреба од финансиска помош од Западот.