Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе телефонско истражување во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 полнолетни испитаници на ниво на државата.
На прашањето колку граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата за справување со епидемијата со ковид-19, најголемиот број од анкетираните, 39,7 отсто се изјасниле дека не се задоволни, додека целосно задовлони се 17,1 отсто од испитаниците. Повеќе од половината од анкетираните сметаат дека Владата не презела навремени мерки.
Педесет отсто сметаат дека вакцините доцнат поради негрижа или неспособност на власта, а блиску се резултатите на оние кои позитивно и кои негативно ја оценуваат работата на министерот за здравство.