Блокадата на Македонија е 30 годишен факт кој покажува дека Брисел и ЕУ се неефикасни! Тоа не им служи на чест и сега се прават обиди да се најде некакво решение на релација Скопје-Софија.
Поранешниот амбасадор, Ристо Никовски смета дека Македонија треба да се откаже од опседнатоста со “датум за преговори“бидејќи тоа брзање и опсесија му нанесуваат невидена штета на македонскиот народ.
Единствено решение за влез на Македонија во ЕУ е поништување на Договорот со Бугарија и преговори за НОВ Договор во кој ќе бидат вклучени и македонците од Бугарија.
По однос на утрешната посета на државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид на Скопје, Никовски смета дека Америка врши притисок врз нас. Глумат дека се наши пријатели а ги реализираат своите интереси!
Лидер: Што носи Вархеји од Софија?
-Посетата на Вархеји е само нов обид нешто да се направи иако шансите се многу мали. Очигледно Брисел и Берлин веројатно Париз помалку затоа што е зафатен со избори, настојуваат да најде излез од ќорсокакот кој нив ги срами! Блокадата на кој Македонија е изложена веќе 30-тина години е пред се факт кој покажува дека Брисел и ЕУ се неефикасни. Тоа не им служи на чест и затоа ги прават сите тие обиди да се најде некакво решение.
Меѓутоа треба да ни биде јасно дека состојбите во Софија се такви дека во Битола им беше потврдено дека политиката кон Македонија ја води претседателот Радев а сите ги ги знаеме неговите ставови и политики. Иако има индикации дека Петков настојува, се обидува да се прошверцува на некој начин со некој почеток на преговори со Македонија, изгледите се никакви. И ќе мораме да бидеме свесни дека резултататот кој до сега го доживеавме е катастрофален . Нашите порази се евидентни и дека едиинствен начин да се излезе од ќорсокакот е во кој сме доведени е да превземеме радикални мерки, а тоа значи по ИТНО ОТКАЖУВАЊЕ на Договорот за непријателство, несоработка и недобрососедство кој е клучот за сите наши голготи низ кои врвиме.
Ако покренеме таква постапка , ќе биде единствен излез да се преговара за нов Договор со Бугарија кој ќе мора да биде на рамноправна основа во кој ќе мора да бидат вклучени и македонските во нашата соседна земја, а за тоа има време. Бидејќи Македонија нема никакви шанси да влезе во Унијата за помалку од 15 години а јас би рекол 20 и повеќе.
Не мора да брзаме. Нашата опсесија со датум за преговори е погрешна и штетна и ни нанесува невидени последици и затоа треба да се почне од почеток. Време има, бидејќи членството во Унијата е далечна иднина, идинина која можеби никогаш нема да се оствари.
Лидер: Земјава утре ќе ја посети и помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид во рамки на нејзината турнеја низ државите од Западен Балкан.
Како што соопшти Стејт департментот, Донфрид во Скопје ќе има средби со функционерите на Северна Македонија, при што ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина.
На што се должат овие посести на високи претставници на САД и Европа на Македонија? Која е улогата на САД во процесот на евроинтеграциите?
-Америка врши притисок пред се врз нас. Бидејќи политиките кон нашата земја кои 30-тина години ги спорведуваат Атина и Софија се дел од американските интереси во регионот. Да не се залажуваме дека Грција не блокираше, сега Софија не блокира и итн….
Ако ги читате сите нивни изјави ќе видите дека тие формално поддржуваат Македонија што поскоро да биде во Унијата, и во тоа има некоја логика, меѓутоа во ниту една изјава за Бугарија, тие не ја критикуваат Софија. Напротив велат договорете се. Па истата политика е и на Брисел. А за што да се договриме? Дали сме Македонци или Бугари!?
Така да тоа покажува една трајна нивна политика, мислам на Вашингтон која ќе продолжи во секој случај, а тие ќе глумат дека се наши пријатели, старатешки партнери а ќе ги реализираат своите интереси во кој за жал македонците како народ не закопуваат, вели Никовски во разговор за Лидер.