Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова истакна дека доправа ќе утврдуваат дали ќе се тестираат учениците. Инаку, од пред два дена во изолација заминаа и 28 деца од една штипска градинка, заедно со нивните две воспитувачки.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е почната монтажа на централниот довод за кислород на новата модуларна болница.

– Инжињерите на фирмата која го доби тендерот од вчера почнаа со монтажата на централниот довод за кислород. Кога ќе биде се комплетно завршено ќе може да се стави во функција, со што дополнително се обезбедуваат 47 болнички кревети. Со отворањето на модуларната болница , капацитетот на Клиничката болница за лекување на корона пациенти се зголемува на 120. Во штипскиот Ковид центар денеска се хоспитализирани 43 пациенти, а едно лице на возараст од 72 години починало во болнички услови.