На дневен ред на комисијата за здравство се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, исто така во второ читање.
Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, покрај двете точки кои се на дневен ред на Комисијата за здравство ќе го разгледаат и Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации.