Милан и Јувентус се огласија повод Суперлигата, клубот од „Сан Сиро“ и актуелниот шампион на Италија официјално објави дека се повлекува од сите активности во лигата која кратко живееше.
– Јувентус беше уверен во овој проект, комерцијално и правно, но сега мали се шансите Суперлигата да се игра во посакуваната форма – стои во соопштението на Јувентус.
Слично соопштение објави Милан кој официјално се откажа настап во Суперлигата.
– Ја прифативме поканата за учество во Суперлигата за да им го дадеме најдобриот фудбал на фановите, но како и за најдобар интерес за нашиот клуб и навивачите. Промената никогаш не е лесна, но еволуцијата е неопходна за прогрес. Ќе се бориме и понатаму да го имаме најдобриот модел на фудбалот, стои во соопштението на Милан.