Бруто минималната плата која сега изнесува 21.776 денари наредниот месец ќе се зголеми за 690 денари и ќе изнесува 22.466 денар.
Ова е редовно усогласување што се прави секоја година во март. Минамалната плата се усогласува со една третина од порастот на просечно исплатената плата во државата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ за претходната година, според податоците што ги објавил Државниот завод за статистика.
Сојузот на синдикатите на Македонија во неколку наврати побара усогласувањето на минималната плата да биде повисоко и таа да изнесува 60 проценти од просечната плата. Со такво усогласување нето минималната плата би била 16.976 денари.