Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница ја искоментира одлуката за рестриктивни мерки околу Ковид-19.
-Пред две и пол недели кога донесовме одлука да ги затвориме угостителските објекти и полицискиот час да биде од 20 часот бројките на новозаболени беа 1.520, 1.480. Веќе после една недела паднаа на 1200, 1100, сега се 800, 750, 640, значи даваат ефект мерките, секако недоволен. Треба да продолжиме да ги почитуваме мерките, рече Заев.
Конечна цел, додаде Заев, е реално да ги пречекаме празниците во семејна атмосфера со помалку болни граѓани, помалку загубени човечки животи.
Но, ако малку се навратиме наназад, ќе се потстетиме дека власта на чело со Заев упорно настојуваше токму во овој период да се одржи пописот на населението, а сега говори за мерките за заштита на истото население