Која е вистинската причина скопската градоначалничка Данела Арсовска да почне да одработува за власта и заедно со СДСМ кој ја зема во заштита се обидуваат да создадат фронт против опозицијата која ја донесе на позицијата?! Дали тоа е забошотената кривична пријава за опожарувањето на возилото на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори, за што во медиумите и јавноста се споменуваше и името токму на Арсовска?
Изминатиот период кулминираше веќе подолг период латентната нетрпеливост меѓу скопската градоначалничка Данела Арсовска и првите луѓе на јавните претпријатија во главниот град од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која всушност на донесе на позицијата, која од чисто комунални прашања за ефикасноста на градската управа се префрли во сферата на политичка и меѓупартиска пресметка, пишува НетПрес.
Откако граѓаните и јавноста сѐ почесто ѝ забележуваа на Арсовска, најблаго кажано, за неснаоѓање на градоначалничката должност, таа влезе во отворена конфронтација со ВМРО-ДПМНЕ и, наместо да се пресметува со советничката група во Град Скопје или кадарот на партијата во јавните претпријатија, таа влезе во директен атак на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Синхорнизирано со вербалните напади од Арсовска врз Мицкоски, следеше и акцијата на владејачката на ниво на земјата СДСМ, која со соопштенија и јавни објави за контроверзната пречистителна станица го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тема, инаку, којашто најдобро ја расветли Европската инвестициска банка (ЕИБ) со одговори за тендерот за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје поради кој Арсовска, го разреши директорот на Јавното претпријатие „Водоводот“, Златко Перински, откако тој не направил промена на членови на тендерските комисии повикувајќи се токму на одговор од ЕИБ. Во писмената изјава беше истакнато дека секој обид за ревидирање на стратегијата за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување во процесот на набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата.
Но упорноста на Арсовска, и во заднина на СДСМ, да ја туркаат оваа „тема“ недвосмислено упатува на размислувањата дека зад ваквите потези стои нешто повеќе отколку само судир околу „непослушноста“ на вмровскиот кадар во Град Скопје. Покрај тоа, симптоматично е што е причината за новата политичка „симбиоза“ на Арсовска со социјалдемократите, од која во предизборната кампања беше жестоко, па дури и вулгарно напаѓана.
Причината за тоа, судејќи според сѐ, како што веќе објави НетПрес во саботата од упатени извори, лежи во средбата оставрена оваа среда меѓу Арсовска и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ познат како човек задолжен зад заткулисните операции на владејачката партија, премиерот Димитар Ковачевски, а на средбата на којашто бил присутен и еден скопски бизнисмен, на која градоначалничката побарала поддршка од социјалдемократите во борба против ВМРО-ДПМНЕ и во Советот на Град Скопје.
Целиот текст прочитајте го ТУКА