На 18.09.2022 околу 22:30 часот во непосредна близина на клучката за тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Х.А.(37) и Е.Е.(28) од с.Ваксинце, општина Липково, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Х.А., им бил пронајден пиштол „ретаи барон ХК“ со празна рамка, за кој немале никаква документација.
Пиштолот им бил одземен и по документирање на случајот ќе следува поднесок.