Познати се 105 те инспектори кои ја потпишаа петицијата до премиерот Зоран Заев, да не го менува на денешната седница првиот пазарен инспектор Стојко Пауновски.
Имињата на инспекторите ги објави телевизијата Алсат.
На листата, како што објавува телевизијата, од профилите што работат во оваа институција, предводена од Стојко Пауновски, има инспектори со факултет за архитектура, филозофија, физичко образование итн.
Во моментов би требало да завршува состанокот меѓу пазарните инспектори и премиерот Заев.
Тој рече дека ќе ги сослуша аргументите на инспекторите, но вчера очекуваше дека денеска на владината седница ќе се потврди она што минатата недела и го соопштил на јавноста, а тоа е разрешување на Пауновски, заради, како што рече, непостапување по законите и етичкиот кодес, но и инает и пркос, како што наведе минатата недела.