Бродот со ситен товар „Sea Justice“ удри во танкерот „A Symphony“, што плови под знамето на Либерија, а е закотвен во близина на пристанишниот град Кингдао, на северо-истокот од Кина, истурајќи „одредено количество нафта“, соопшти бродската компанија „Гудвуд Шип Менаџмент“.
„Силата на ударот во предната, лева страна на бродот ги оштети резервоарите за гориво и вода, па потоа одредени количества нафта се излеаја во океанот“, се наведува во соопштението на компанија „Гудвуд Шип Менаџмент“.
Компанијата, исто така, наведе дека екипажот е во полн состав и дека во инцидентот нема повредени.
Кинеската Управа за поморска безбедност им нареди на бродовите што се во близина да се оддалечат најмалку 18,5 километри од местото на несреќата.
„Гудвуд Шип Менаџмент“ соопшти дека е почпната итна постапка за запирање на натамошното излевање на нафтата и дека експерти за операции на чистење на морето веќе се распоредени на местото на несреќата.