Граѓанин кој сака да остане анонимен штотуку испрати слики до редакцијата на Радио Лидер и го искажа неговиот револт околу организацијата на вакцинацијата во оваа поликлиника. Граѓанинот се жали дека постои само еден пункт за вакцинација и вели дека премногу се чека, а станува предвид за постари луѓе.
– Јас сум со моите родители кои вчера уредно добија СМС да дојдат да се вакцинираат во 17:10 часот, меѓутоа за жал постои само еден пункт за вакцинација и во моментов има луѓе кои биле повикани во 15 часот, а се уште не се ни почнати со вакцинација, вели граѓанинот кој ги испрати овие слики до нашата редакција.
Фотографијата која ја испратија до нашата редакција покажува како постари лица чекаат на отворено.
Очекуваме надлежните подобро да ја организираат вакцинацијата, со цел граѓаните да не наидуваат на ваква неорганизираност.