Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 19 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната до 26 степени.