На претходното рочиште за овој предмет кој е во доказна постапка сведочеше поранешниот републички јавен обвинител Марко Зверлевки, по предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Според обвинителниот акт за овој предмет тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.