„Денеска имаме закажано комисија на која што има осум точки, и на кој што прв ќе биде Љубомир Јовевски. Се надевам дека ќе се одважи да дојде, заради тоа што ние долго време го очекуваме во Собранието, дури кога беше кандидат за уставен судија, истиот не се појави. Значи за Советот на јавни обвинители, две години немаме разгледано Извештај за нивна работа. И затоа често кажуваме дека причинители на високиот степен на корупција, и на слаба доверба во институциите, па и на судството е немањето на контрола на Собранието како највисока законодавна власт. Односно Собранието нема никаков надзор над работата над извршната власт, па ни на судската власт“, истакна Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Панова додаде дека самото неразгледување на Извештаите укажува дека всушност Владата се грижи обвинителот Љубомир Јовевски да биде затскриен и да не биде на удар пратениците или да не биде на удар на јавноста.

„Ние знаеме дека тој истиот нема да одговори на прашањата кои што ќе му бидат поставени од страна на пратениците. Меѓутоа нека дојде и нека се соочи од скандалите од десетчасовно читање на материјал кој што беше изработен од страна на пратениците“, рече Панова.
Таа нагласи дека треба да се разгледа што работи исто така Судскиот совет и членовите на истиот тој совет. Треба да се увиди што работи новата претседателка, и што сработела и претходната.
„Извештајот за 2021 година на народниот правобранител исто така не е разгледан“, укажува таа.

Панова рече дека Стратегијата како Македонија се справува со корупцијата од изминатата година исто така не е разгледана.

„И сето тоа кажува дека всушност тоа е еден од факторите кои што и те како влијае врз слабата доверба на граѓаните во институциите, а за тоа допринесуваат самите институции како што е Собранието кое што еве својата надзорна улога не ја одиграло како што треба. Односно ги затскрива причинителите на најголемите проблеми како што рековме во судството“, појасни Панова.

Таа посочи дека сите носители на овие институции не се повикани од страна на претседателката на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.

„Тие воопшто не се повикани. Ние ги имаме примено Извештаите и истите се на сајтот на Собранието. Но, за жал не се разгледуваат на седница. И не се разгледуваат заради тоа што ние ќе поставуваме прашања, тоа ќе биде тема број еден во државата. Ќе го прашаме и Јовевски зошто не отворил истрага досега за скандалите кои што ги имаше со премиерот на пример за „Пиксел груп“. Ќе прашаме зошто за 140 функционери не поднеле Анкетен лист и никој не поднел никаква постапка. Ќе прашаме и зошто имаме дуплирање на функции и зошто државата не реагирала за тоа. Тука се и набавките за електрична енергија, за кои истите гледаме дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно објавува одредени скандали ама обвинителството не реагира. Поднесуваме пријави до обвинителството, но обвинителството во моментов не реагира било тоа да е за пасошите, за Онишченко, за Роко за кој што слушнавме од соседна држава дека земал по 30.000 евра за изработка на пасоши или за државјанство во Република Македонија итн.“, истакна Панова.

Таа укажа дека слабата доверба на граѓаните во судските органи е оправдана.