Тие презентираа податоци за подгрупа на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Велика Британија и заклучија дека наодите покажуваат одредено ниво на „неуспех на вакцината“. Ова се случаи кога вакцинираните лица сè уште се заразуваат, но експертите велат дека тоа „не е неочекувано“, пренесе Танјуг.
Податоците од петокот покажаа дека меѓу нешто повеќе од 52.000 хоспитализирани пациенти со Ковид-19, 526 биле вакцинирани со првата доза на Фајзер или АстраЗенека, најмалку три недели порано, а 113 од нив починале.
– Главно се случува во групата која е најмногу изложена на ризик од сериозни болести, односно кај постари лица. Овие луѓе се многу слаби, рече Калум Семпл, професор по детско здравје и медицина на Универзитетот во Ливерпул, кој го водеше истражувањето.
Тој додаде дека неговото тврдење не имплицира дека вакцината не функционира, туку дека таа не е совршена.
Научниците истакнаа дека „огромното мнозинство на случаи на инфекција, како и смртните случаи од Ковид-19 по вакцинирањето, биле меѓу ранливите, стари лица“.