На 29.04.2021 околу 12.30 часот на ул.„Финска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(57) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.