Косовските Срби ги отстранија барикадите поставени во селото Готовушa во Штрпце, поставени во знак на протест за ранувањето на две српски момчиња.
Блокадата е отстранета откако било договорено полицијата повторно да постави контролни пунктови на влезот во Штрпце.
Инцидентот се случи вчера кога 33-годишен припадник на косовските безбедносни служби од возило во движење отворил оган и ранил 11-годишно дете и 21-годишно момче, кои се во стабилна здравствена состојба. Напаѓачот беше брзо уапсен, а косовските власти и европската унија го осудија нападот.
Српските медиуми објавија дека утринава билo претепано и 18-годишно момче од група косовски Албанци додека тоa се враќалo од божикна литургија во местото Клокот. За утре во Штрпце е најавен протест поради последните инциденти.