Рано утрово на местото викано Македонија пат на излезот од Гевгелија, полицијата од граничниот премин и граничен надзор „Богородица“ го приведоа М.К. (42) од Кавадарци откако во неговото возило биле пронајдени осум мигранти.

При контрола на патничко возило „мазда 6″, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати мигранти, петмина од Сирија, две лица од Авганистан и едно од Пакистан.

М.К. е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.