Ковачевски ги потврди нашите сомневања, средбата во Тирана е со цел спасување на неговата политичка кариера и кариерата на Али Ахмети, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Вчера Димитар Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не и соопшти на јавноста што се доби на маса за спас на владата.
Јасно е дека средбата во Тирана не беше само за новогодишен ручек, туку за спас на владината коалиција на СДС и ДУИ.
Дали Ковачевски треба да прифати нови национални предавства, или пак на маса му се ставени нови бизнис интереси на ДУИ?Нека се охрабри пиунот Димитар Ковачевски и нека каже што задачи доби од Али Ахмети и Еди Рама, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Пиунот Ковачевски ќе прифати се што ќе му дадат, знаејќи дека неговиот рејтинг се движи во статистичка грешка и граѓаните секој ден се помалку и веруваат на оваа влада, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Доколку СДС и ДУИ сметаат дека се што прават е за доброто на граѓаните, наместо средби во други држави, нека се охрабрат и нека закажат средба со граѓаните на предвремени парламентарни избори.
Само договор со граѓаните е за доброто на државата, ама после сите предавства и криминали кои ги направија, свесни се дека граѓаните ќе ги казнат за сите национални разнебитувања.