Светската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од второто коло на Мундијалот во Полска и Шведска.

Македонската репрезентација денеска го игра мечот со Холандија од 18:00 часот, а ќе го судат шведски арбитри.

Станува збор за Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, а делегат ќе биде Олесен од Данска.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра во „Таурон Арена“ со почеток од 18:00 часот.