Угледниот камерунски новинар Мартинез Зого беше пронајден мртов откако беше киднапиран во близина на главниот град Хуанде, а неговото убиство денеска најостро го осуди Европската унија.
Неговото осакатено тело било пронајдено во близина на Јаунде пет дена откако бил киднапиран од неидентификувани напаѓачи, соопшти синдикатот на новинарите и негов колега.
Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) денеска соопшти дека ЕУ најостро го осудува убиството на познатиот камерунски радио водител Мартинез Зог.
„Потребно е да се расветлат сите околности на ова убиство со темелна истрага, која веќе е објавена од властите и одговорните да се изведат пред лицето на правдата“, соопшти ЕЕАС.
Европската унија потсетува на клучната улога што ја играат слободните и независни медиуми во Камерун и ширум светот за демократски и слободни општества.
Новинарот Зого беше пронајден мртов во неделата вечерта.
Директорот на радиото Амплитуда ФМ исчезна на 17 јануари откако беше киднапиран пред станица на жандармеријата.
Во Камерун е отворена истрага за убиството на овој познат истражувачки новинар.