Тажна вест доцна попладнево соопшти Фармацевтската комора на Македонија.
Колегите се простуваат од Марија Стојанов, дамата која остави траен белег во дејноста која ја одбра како професионална определба.
„Изразуваме длабоко сочувство до семејството на Марија Стојанов и со огромна тага ги известуваме членовите на Фармацевтската комора за огромната загуба на фармацевт кој со своето знаење, труд и заложба остави голем белег во фармацевтската дејност“, стои во објавата на „Фејсбук“.