Седумдесет и едногодишен пешак го загуби животот откако во него удрило патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, доцна синоќа во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“.
Пешакот им подлегнал на повредите на местото на несреќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека пак, возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.