Дрога пронајдена кај повеќе лица,во одделни случаи, во текот на вчерашниот ден и денеска по полноќ.
Денеска (28.01.2023) во 02.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Т.С.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.
На 27.01.2023 во 19.00 часот на автопатот Велес – Скопје, во близина на Башино Село, велешко, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај – Петровец, ги лишија од слобода Н.Д.(39) и А.Д.(43), двајцата од Охрид, затоа што при преглед кај А.Д. била пронајдена прашкаста материја.
Денеска (28.01.2023) во 01.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишена e од слобода Д.Н.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена марихуана.
На 27.01.2023 во 18.45 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Н.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
На 27.01.2023 во 11.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи против сторителите ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.