Хеликоптерот Мил Ми-8, кој се користи за транспорт на рускиот претседател Владимир Путин, удрил во земја при слетување на меѓународниот аеродром Внуково близу Москва, пишува Њузвик.
–За време на слетувањето, хеликоптерот го заглавил пропелерот и го оштетил делот од опашката – изјавил за агенцијата извор од аеродромот.
Сѐ уште нема информација кој бил во хеликоптерот и дали има повредени во инцидентот. Службите за итни случаи, цитирани од Интерфакс, соопштија дека „според прелиминарните податоци има жртви“, повикувајќи се на извор од аеродромот кој рекол дека во инцидентот нема повредени.
Аеродромот се наоѓа на околу 42 километри југозападно од центарот на руската престолнина, јави руската државна новинска агенција Интерфакс.