Реакција на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на соопштението на СДСМ
-Општина Гази Баба е тргната по патот на напредокот и развојот и од тој пат враќање назад нема.
За повеќе од една година во општината се реализирани голем број на проекти, а само во првиот месец од новата година на територија на општина Гази Баба се започна со изградба на нови седум километри фекална канализација, изградба на пешачки патеки и асфалтирање на локални улици.
Дополнително, преку постапката за издавање на Обврзницата за брз развој се обезбедуваат финансиски средства за изградба на:
– Нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков
– Две нови детски градинки
– Целосна изградба на фекалната канализација во Јурумлери
– Целосна изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев
– Реконструкција на Културниот дом во Ченто
– Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево
– Изградба на други канализациони системи
– Изградба на локални улици
Граѓаните предолго чекаа и немаат повеќе време за чекање. Време е за брз развој на општина Гази Баба.
Доколку СДСМ е толку загрижена за граѓаните и општина Гази Баба ги прашувам: зошто не обезбедуваат средства од буџетот на Република Македонија за изградба на новата училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков, нешто што и СДСМ го ветуваше на граѓаните?
Нема да дозволам поради своите деструктивни политики, СДСМ да го закочи брзиот развој на општина Гази Баба.
Времето на СДСМ во Гази Баба е завршено.