Најавените 30 отсто зголемување на јануарската плата во министерството за финансии нема да се случат. Министерот Фатмир Бесими во последен момент ги повлече веќе потпишаните решенија поради што дел од вработените излегоа на протест пред зградата на минситерството, а потоа Бесими имаше разговори со раководителите на секторите.
Од финансии без прецизен одговор зошто Бесими се одлучи на овој чекор ако се земе предвид дека пред десетина дена ја бранеше одлуката со став дека доколку не ги зголеми платите ќе остане без вработени во миниенстерството.
„Со оваа одредба на Законот не може, да се постигне самата цел на Законот, односно наградување на сите тие што се вклучени во подготовката и спроведувањето на државниот буџет, поради неможноста на утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност која произлегува од работната позиција, примената ќе ја регулираме со допрецизирање на одредбата од Законот за Буџети или со самиот Закон за систем на плати во јавниот секторот, кој е во завршна фаза на подготовка како системско решение ва рамки на јавниот сектор“
Вработените незадоволни од потегот на Бесими со став дека со одлука не може да суспендира законско право и додаваат дека токму Бесими на дел од вработените и досега им давал додатоци на плата со образложение за „специфичност на работни места“
Со став се јавија и од УПОЗ од каде што велат дека Бесими сторил кривичено дело и го прекршил законот кој самиот го бранел бидејчи решил да ги повлече сите решенија кои вработените веќе ги добиле а со кои им се зголемена плата за 30 отсто.