Нов земјотрес со јачина од 7,5 степени претпладнево ја стресе одново Турција и донесе нови проблеми.
Работата на спасувачките екипи е дополнително отежната.
Социјалните мрежи се преплавени со видеа од земјотресите, а моментот на новиот силен земјотрес беше фатен и при директен телевизиски пренос.
На снимката се гледа како се рушат згради при новиот земјотрес, додека луѓето панично бегаат низ улиците.