Два силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала денеска ги погодија Турција и Сирија, срамнувајќи ги со земја зградите додека луѓето сè уште спиеле, а последователните потреси се почувствувале дури до Кипар.
Земјотресот бил почувствуван во многу градови на југот на Турција, особено во провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.
This is horrible view from Turkey 🇹🇷
Update- 1700+ Killed & 6500+ injured.#deprem #DEPREMOLDU #afaddeprem #hataydeprem #kayseri #Mersin #Adana #Gaziantep #Nurdağı #Kahramanmaraş #Turkey #TurkeyEarthquake #Turqui pic.twitter.com/TfHY4CoeIi
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
Во операциите за пребарување и спасување се ангажирани сите надлежни служби, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат екипи од сите делови на Турција.
Преку Министерството за надворешни работи Турција побара меѓународна помош во областа на потрагата и спасувањето.
Сириската новинска агенција САНА јави дека најмалку 20 згради се урнати во Алепо, област под контрола на силите на Башар ал Асад.
На снимката со дрон од јужната турска провинција Адана, снимена од агенцијата Анадолија, се гледаат целосно уништени згради.
Екипите за пребарување и спасување спасиле повредено дете и го извлекле од под урнатините. На видеото може да се видат екипи за пребарување и спасување како го носат повреденото дете на носилки во населбата Јурт во Адана.
Најмалку две лица се спасени во селото Гузелјали во јужната турска провинција Адана.
Девет лица досега се спасени од урнатините на уништените згради во турските градови Газијантеп, Малатија и Килис.
Како последица на разорниот земјотрес значително е оштетена историската тврдина во Газиантеп.