На повеќе снимки објавени од светските медиуми се гледа како зградите се уриваат пред силата на природата.
Според последните податоци, од земјотресот во Турција загинале најмалку 1.498 лица, а во Сирија најмалку 810.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција, а беше почувствуван во голем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, меѓу кои и соседна Сирија.
Според Американскиот сеизмолошки институт УСГС, околу 11:25 часот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа Кахраманмараш.
Драматични снимки од рушење згради беа објавени и на социјалните мрежи.