Американската технолошка компанија „Meta Platforms Inc“ го врати корисничкиот профил на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на нејзината социјална мрежа Facebook по двегодишната суспензија во нејзиното приклонување кон неолибертаријанските политички кругови со изговор за смртоносните случувања од 6-ти јануари 2021 година на вашингтонски Капитол.
Од „Meta Platforms Inc“ во јануари најавија дека на Трамп ќе му ги вратат профилите на Facebook и Instagram во сѐ уште нејасното законско решение како сопственикот на социјалните мрежи решава за таквите суспензии.
Во минатомесечното соопштение, Ник Клег, претседател на одборот на „Meta Platforms Inc“ за глобални прашања наведе дека „јавноста би требало да може да слушне што политичарите говорат“ што е во целосна спротивност од образложението дадено кога беа затворени профилите на Трамп.
Клег сега, образложувајќи ја одлуката на компанијата, вели дека 45-от американски претседател, инаку со милионски аудиториум на социјалните мрежи, наводно „значително се повлекол во истапите“ откако беше блокиран.
Трамп беше суспендиран на неодредено време од платформите Facebook и Instagram кога стотици илјади негови приврзаници се обидоа да го спречат потврдувањето за претседател на САД на Џо Бајден тогаш сѐ уште прогласен како победник само во мејнстрим медиумите на изборите во ноември претходната година за кои тие сѐ уште тврдат дека се лажирани во полза на кандидатот на Демократската партија.
Основачот и сопственик на Facebook, Марк Цукерберг, рече тогаш дека стравува од можноста Трамп со својата реторика да предизвика ново насилство.
На Трамп од претходно му беше овозможено враќање на неговиот омилен микроблог на Twitter, откако сопственоста на компанијата мина во рацете на другиот милијардер Илон Маск,. Трамп, исто така, во меѓувреме ја основаше и сопствената социјална мрежа Truth Social којашто во прв ред ја користат неговите соработници и најтврдите приврзаници на конзервативците.
Американските социјални мрежи повеќепати беа критикувани и обвинувани од приврзаниците на конзервативната струја во политиката на САД, за цензирурање и ограничување на слободата на информирањето во полза на актуелната администрација.
Еден од најновите примери за таквата политика беше признанието на челникот на Meta, Марк Цукерберг, кој ги објави барањата на FBI пред претседателските избори во ноември 2020 година да го ограничи ширењето на социјалните мрежи во нивна сопственост на медиумските написи за содржината на лаптопот Хантер Бајден, на сегашниот американски претседател, кои можат да откријат вмешаност на Бајден помладиот во криминални активности во продавање на влијанието на Џо Бадјен, како и во трговии со дроги и малолетничка проституција.
Така, во септември минатата година главните обвинители на сојузните држави Луизијана и Мисури, Џеф Ландри и Ерик Шмит, заеднички објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се ангажирала на континуирана цензура на социјалните мрежи во консултации со челниците на онлајн платформите.
Според документот, со челниците на најголемите онлајн-платформи, меѓу кои и Meta и Twitter, редовно комуницирале Белата куќа, Федералното биро за истраги (FBI), Министерството за здравство и социјални служби, Министерството за внатрешна безбедност, Агенцијата за кибернетичка безбедност и заштита на инфраструктурата, Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC), Бирото за попис, како и Изборната комисија, Министерството за финансии и други владини агенции на САД.
Притоа, двајцата обвинители забележуваат дека Министерството за правосудство одбило да обезбеди целиот обем на информации за соработката меѓи високорангирани функционери на американските федерални служби со социјалните мрежи, во врска со ограничување на одделни комуникации.
Според еден од објавените документи за преписките датиран од јули 2021 година, претставник на Facebook директно укажува на фактот дека се сретнал со претставници на Белата куќа за да разговараат за прашањата за борбата против „лажните вести“.
„Нашите тимови се сретнаа денеска за подобро да разберат што Белата куќа очекува од нас во врска со дезинформациите“, го цитираа обвинителите еден од документите без да прецизираа за кои лица станува збор.