Легендата на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ дефинитивно ќе влезе во трката за прв човек на српската фудбалска федерација,
Големиот борец кој своевремено важеше за еден од најдобрите светски стопери се решил да се кандидира за претседател на ФСС затоа што сака да го види српскиот фудбал на повисоко ниво во иднина.
-Почитувани претставници на медиумите, сакам да ја известам српската јавност пред сè фудбалската дека откако дознав дека се распишани избори за претседателот на ФСС донесов одлука да се кандидирам со оглед на тоа што го исполнувам условот да бидам член на Собранието и имам поддршка од пет делегати, за кои се надевам дека нема да подлегнат на притисокот со кој се сооочуваат.Сакам да спречам какви било понатамошни приказни со мојот изглед и јасно ги преставувам моите планови. Со кандидатурата ќе им овозможам на фудбалските работници да се изјаснат. Верувам во исправноста на моите цели и тие се јасни, исклучиво патриотски. Сакам да обединувам, а не да раздвојувам. Верувам затоа што мислам дека мојата Србија може да ги понуди вредностите што ме украсија како фудбалер. Верувам и знам дека има слични луѓе во фудбалска Србија и дека заедно можеме да понудиме решенија. Се надевам дека ќе можам да успеам, -порача Видиќ во својата порака испратена до медиумите.