Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво, истакна Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали. Вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија. Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава, посочува тој.
Ристески вели дека поради ваквата состојба, потребни се избори.
„Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот!
Од однесувањето на власта и колабирањето на здравствениот систем последиците најмногу ги чувствуваат граѓаните.
Токму затоа оваа криминална власт предводена од Ковачевски мора да замине час поскоро“ – вели Ристески.