Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.