По вчерашното случување кога во јавноста излезе случајот каде лице со попреченост кое го посетува град Скопје од друг град од државата, се паркира на место означено за лица со попреченост и покрај уредно платен надомест за паркирање е казнето. Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија до Претседателот на Совет на Град Скопје поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг“ Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година.
Целта на оваа иницијатива е ЈП „Градски паркинг“ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост.
Ги повикуваме и очекуваме поддршка и од останатите советнички групи во Советот на Град Скопје за поддршка на оваа иницијатива