Заврши речиси дванаесет часовната средбата во Охрид меѓу Вучиќ и Курти. Во секој момент се очекува изјава на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Се уште нема информации каков е исходот од преговорите.
Пред Вучиќ и Курти на маса беше европскиот предлог – договор составен од 11 точки. Очекуваме во секој момент да бидат соопштени детали од денешната маратонска средба во Охрид.