Првиот вицепремиер Артан Груби на својот фејсбук профил го најави присуството на Ахмети на митингот на ДУИ закажан за денеска во Чаир.
Тој напиша дека сите чаирчани се на нозе и зборувале дека тој доаѓа и ќе оделе да го слушнат неговото обраќање.
-Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите, напиша Груби.
Овој митинг доаѓа во време на длабоки поделби во ДУИ, најизразени токму во Чаир..
Претседател на тамошниот огранок е предводникот на огнените, Изет Меџити, но Али Ахмети пред 2 недели одлучи да го именува Бујар Османи за координатор.